Македонија

Пожар над населбата Пинтија, гори мешана шума

18. август 2019 - 16:15 | МИА
Скопје, 18 август 2019 (МИА) – Пожар избувна денеска околу 11:30 часот во шумата над скопската населба Пинтија. Зафатена е поголема површина мешана шума.

Како што соопштија од Територијалната против пожарна единица на Град Скопје, во гаснењето на пожарот учествуваат три возила со седум пожарникари, а ќе биде испратено уште едно возило.

– Шумски пожари има и над селото Долно Блаце и кај селото Мојанци над Арачиново, кои се од помал обем. На терен се испратени екипи на ТПП кои ги гаснат и овие пожари, информираа од Територијалната против пожарна единица на Град Скопје. 

Коментирај