Хроника

Пожар во куќа во Аеродром, пијаниот сопственик приведен од полицијата

17. јануари 2019 - 11:15 | МИА

Околу 20:30 часот вчера во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „3-та Македонска Бригада“ во Скопје избувнал пожар во куќата сопственост на О.Е.(62) од Скопје.

Бидејќи сопственикот, кој бил под дејство на алкохол, го нарушувал јавниот ред и мир и им ја попречувал работата на припадниците на Бригадата за противпожарна заштита, бил приведен во Полициската станица Аеродром.

Увид на местото ќе се врши во текот на денот.

Коментирај