Пожари и инциденти на Лезбос со две жртви и најмалку пет повредени бегалци и мигранти

Атина, 29 септември 2019 (МИА) – Најмалку двајца загинати и пет повредени е билансот од пожарите и инцидентите во прифатниот центар Мориа на грчкиот остров Лезбос, според информациите во локалните медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Од засега непознати причини вчера попладне избиле два пожара, едниот во близина на центарот за прием и идентификација, којшто бил брзо изгасен, другиот во внатрешноста, во којшто, според медиумите, животот го загубиле една жена и едно дете, чии јагленосани тела биле пронајдени и пренесени во болница, а предизвикана е и материјална штета.

Бегалците и мигрантите со камења и предмети ги нападнале пожарникарите, отежнувајќи им ја нивната работа, а веднаш потоа избиле и инцидентите меѓу лицата сместени во прифатниот центар и полициските сили кои употребиле шок бомби и солзавец.

Засега, повредени се пет лица и пренесени во болница, без да постојат дополнителни информации.

Од грчката полиција соопштуваат дека силите на островот се засилуваат со испраќање полицајци, а за Лезбос заминува и началникот на полицијата и генералниот секретар за миграциска политика.

Управителите на Центарот за прием и идентификација на бегалци и мигранти, заедно со вработените го напуштиле центарот.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Регион

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more

Вучиќ: Србија може да го напушти Советот на Европа откако беше примено Косово

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе