Познат дизајнот на новиот евтин iPhone за 2019 година

Изгледа дека моделот iPhone XR, кој Apple го замисли како евтина, буџетска верзија на стандардниот модел, во текот на првиот квартал од 2019 година беше најпродаваниот смартфон во САД и многу други делови од светот. Поради тоа, компанијата уште отсега почна да работи на новата верзија на овој модел.

Претходно на интернет протекоа фотографии и рендери од моделите iPhone XI и XI Max кои се покажаа како точен показател за дизајнот на овие телефони, а сега се појавија и нови фотографии на кои е покажан моделот iPhone XR од новата генерација.

Како и на останатите модели од новата генерација на Apple, системот од камери на задниот дел е сместен во квадратен одделен дел, но овојпат има две наместо четири камери. Новиот iPhone XR има екран од 6,1 инчи, но нешто потенко куќиште од само 7,8 милиметри.

Се претпоставува дека овој модел ќе ја наследи истата камера од iPhone XS, која е составена од две леќи: едната стандардна и другата телефото леќа. Последното нешто што беше откриено преку протечени информации е дека моделот ќе има нов USB-C приклучок и можност за брзо полнење од 18W.

Дизајнот за iPhone XI, XI Max и iPhone XR го потврдија и производителите на дополнителна опрема, чии куќишта, односно силиконски маски за истите, се соодветни на дизајнот кој е откриен во видеото подолу.

Важно е да напоменеме дека iPhone XR ќе биде најевтиниот телефон од понудата на Apple за оваа година.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе