Фудбал
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕУРО 2020

Познати фудбалерите со кои Австрија ќе нѐ нагости во Виена

8. ноември 2019 - 14:18 | Ф.З.

Селекторот Франко Фода повика 24 фудбалери за натпреварот со Македонија на кој со позитивен резултат ќе ја однесе Австрија на ЕУРО 2020.

Фода има проблем со голманската позиција бидејќи поради повреда не може да смета на Хајнц Лиднер кој бранеше во јуни во Скопје и на Цицан Станковиќ кој пак бранеше на четирите натпревари во изминативе два месеца. На нивно место Фода го викна Зибенхандл кој има само 2 настапа за репрезентацијата и дебитантите Перван и Шлагер.

На Австијците доволен им е и бод против Македонија за да го заверат пласманот на ЕУРО, но според Фода нема да играат на таа карта туку ќе одат на победа.

„Не смее да ја потцениме Мкаедонија. И покрај тоа што релативно лесно ги победивме на гости, моравме 30-40 минути добро да се бориме. После тоа ни беше многу полесно. Јасно е дека од нас зависи дали ќе победиме, но победата нема да дојде без посветеност, концентрација и добра игра“, изјави Фода.

Од 24-те играчи дури 18 настапуваат во клубови ширум Германија, додека само четворица се од домашната лига.

голмани:
Јерг Зибенхандл - Штурм
Павао Перван - Волфсбург, Германија
Александер Шлагер - ЛАСК

одбрана:
Александар Драговиќ - Баер Леверкузен, Германија
Давид Алаба - Баерн, Германија
Мартин Хинтерегер - Ајнтрахт, Германија
Штефан Лајнер - Борусија (М), Германија
Андреас Улмер - Залцбург
Кристофер Тримел - Унион, Германија
Штефан Пош - Хофенхајм, Германија
Филип Линхарт - Фрајбург, Германија

средина:
Јулијан Баумгартлингер - Баер Леверкузен, Германија
Штефан Илсанкер - Лајпциг, Германија
Валентино Лазаро - Интер, Италија
Алесандро Шепф - ПШалке 04, Германија
Флоријан Грилич - Хофенхајл, Германија
Луи Шауб - Келн, Германија
Конрад Лајмер - Лајпциг, Германија
Томас Гоигингер - ЛАСК

напад:
Марко Арнаутовиќ - Шангај, Кина
Марсел Забитцер - Лајпциг, Германија
Михаел Грегорич - Аугсбург, Германија
Лукас Хинтерзеер - Хамбургер, Германија
Карим Онисиво - Маинц, Германија

Австрија ја пречекува Македонија на 16-ти од 20.45 часот на „Ернст Хапел“ стадионот во Виена, а три дена подоцна гостува кај слабата Латвија.

Коментирај