Познати паровите за плеј-офот од Лига Европа

По синоќешните натпревари од третото квалификациско коло се оформија двојките за последната пречка пред фазата по групи од новата сезона на Лига Европа.

Најинтересен се очекува да биде судирот помеѓу клубовите од Италија и Англија, односно Торино против Вулверхемптон.

Внимание привлекува и грчко-турската пресметка на АЕК и Трабзонспор како и дуелот на Легија со Ренџерс.

Од нашите интернационалци, Стефан Спировски и неговиот Ференцварош би требало да имаат лесна задача со литванската Судува, Александар Дамчевски и ерменски Арарат ќе играат против Дуделанж, тимот кој ја исфрли Шкендија, а Ријека на Дарко Велковски ќе има тешка задача во белгиски Гент.

Суду​ва (Литванија) – Ференцварош (Унгарија)
Копенхаген (Данска) – Рига (Латвија)
Селтик (Шкотска) – АИК (Шведска)
Арарат (Ерменија) – Дуделанж (Луксембург)
Лудогорец (Бугарија) – Марибор (Словенија)
Линфилд (Северна Ирска) – Карабаг (Азербејџан)
Слован (Словачка) – ПАОК (Грција)
Астана (Казахстан) – БАТЕ (Белорусија)
Торино (Италија) – Вулверхемптон (Англија)
АЕК (Грција) – Трабзонспор (Турција)
Легија (Полска) – Ренџерс (Шкотска)
Феенорд (Холандија) – Хапоел Бе'ер Шева (Израел)
Стеауа (Романија) – Виторија (Португалија)
Гент (Белгија) – Ријека (Хрватска)
ПСВ (Холандија) – Аполон (Кипар)
Еспањол (Шпанија) – Зорја (Украина)
Партизан (Србија) – Молде (Норвешка)
Брага (Португалија) – Спартак (Русија)
Малме (Шведска) – Бнеи Јехуда (Израел)
Стразбур (Франција) – Ајнтрахт (Германија)
АЗ (Холандија) – Антверпен (Белгија)

Првите натпревари се играат на 22 август, додека реваншите една недела подоцна, на 29-ти.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Фудбал

Тиквеш против Воска Спорт во Куп финалето

Read more

По 12 години Портсмут се врати во Чемпионшип: Не ни треба Мурињо, си го имаме Мусињо

Read more

Луис Енрике му врати на Чави: ПСЖ ќе победеше и без црвениот на Араухо

Read more

Кој македонски фудбалер е меѓу најдобрите во Европа за 2024 година?

Read more
 

Спорт

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Читај повеќе

Надал елиминиран од Де Минор

Читај повеќе
  • play_arrow

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и да меча суспензија

Читај повеќе

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Тиквеш против Воска Спорт во Куп финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

По 12 години Портсмут се врати во Чемпионшип: Не ни треба Мурињо, си го имаме Мусињо

Читај повеќе

Луис Енрике му врати на Чави: ПСЖ ќе победеше и без црвениот на Араухо

Читај повеќе
  • play_arrow

Кој македонски фудбалер е меѓу најдобрите во Европа за 2024 година?

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн си обезбеди пресметка со Јокиќ

Читај повеќе