Рускиот модел Викторија Одинцова предизвика негативни реакции на социјалните мрежи откако ја објави фотографијата на која виси од облакодер во Дубаи, без претходно да преземе некакви безбедносни мерки.
22-годишниот модел од Санкт Петербург почна да објавува слични фотографии и видеа на Instagram, а нејзиното прво видео од опасното снимање во Дубаи има повеќе од милион прегледи.
И додека некои се импресионирани од нејзината храброст, многумина сметаат дека е незрела и невнимателна, додека други ја обвинуваат дека сака да привлече внимание по секоја цена.