Познато име во игра за улогата на главен негативец во „James Bond 25“

Откако Дени Бојл ја напушти режисерската позиција во новиот филм за Џејмс Бонд, студиото мораше да одлучи кој ќе биде новиот режисер на филмот. Тие се одлучија за Кери Џоџи Фукунага, кој во моментов работи на сценариото и размислува за ангажирање на една од најновите ѕвезди на филмското платно за улогата на главен негативец во филмот.

Даниел Крег, Леа Сејду, Ралф Фајнс, Бен Виншо и Наоми Херис се враќаат во нивните улоги, но студиото и режисерот треба да направат избор за главниот негативец кој ќе му се спротистави на Џејмс Бонд, бидејќи Кристофер Волц веројатно нема да ја репризира неговата улога како Блофелд.

Иако ништо не е потврдено и во моментов се работи само за шпекулации, сепак британските медиуми пишуваат дека Фукунага сака да го ангажира Рами Малек за улогата на новиот негативец.

Variety тврди дека заминување на Дени Бојл се должи токму на разликите помеѓу него и студиото во однос на кастингот за главниот негативец во „James Bond 25“. Бојл инсистирал дека го сака данскиот актер Клаес Банг, кој стана популарен по улогата во филмот „The Square“, но студиото не дозволило бидејќи сметале дека Данецот не е доволно популарен за улогата.

Последните две години Рами Малек го живее холивудскиот сон. Откако се појави во серијата „Mr. Robot“, тој стана позната фигура во актерските кругови, што му дозволи да биде најмен за улогата на Фреди Меркјури во биографскиот филм „Bohemian Rhapsody“, кој е вистински хит во киносалите низ светот.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Филм & ТВ

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Read more

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Анистон изненади со изгледот на насловна: Како толку се подмлади?

Читај повеќе