Познато кога ќе пристигне најскапиот филм на Netflix досега

Конечно е познат датумот за премиерата на „The Gray Man“, најскапиот филм на Netflix досега.

Проектот е најавен уште во 2020 година, кога беше откриено дека Рајан Гослинг и Крис Еванс ќе глумат во акционен трилер сличен на филмовите од серијалот за Џејмс Бонд. Но, тоа што привлече најголемо внимание е фактот дека филмот има буџет од 200 милиони долари, што го прави најскап проект на Netflix досега.

Сега конечно е познато кога филмот ќе биде прикажан, откако проектот се соочи со доцнење поради пандемијата со коронавирусот. The Gray Man во британските киносали ќе биде прикажан на 15 јули, а на стриминг платформата една недела подоцна, на 22 јули.

Филмот е во режија на Џо и Ентони Русо. Џо Русо претходно зборуваше јавно за проектот, споредувајќи ја филмската хемија меѓу Гослинг и Еванс со онаа на Ал Пачино и Роберт Де Ниро во „Heat“.

URL

„Филмот е фантастичен, електричен. Мина долгов време откако сме гледале ваков филм. Имаме две филмски ѕвезди кои се борат еден против друг како Де Ниро и Пачино во Heat“, изјави Русо во интервју за Variety на премиерата на филмот „Spider-Man: No Way Home“.

Крис Еванс се појавува како негативец, а Русо смета дека е добро да го видиме во обратна ситуација.

„Тој е добар социопат во филмот, звучи доста забавно така што мислам дека на публиката ќе и биде прилично интересно“, смета Русо.

Покрај Гослинг и Еванс, во филмот ќе ги видиме Ана де Армас, Реге-Жан Пејџ, Били Боб Тортон и други.

реклама

Како правилно да ги перете белите алишта?

Read more

5 намирници богати со јаглени хидрати што треба да ги јадете ако сакате да ослабете

Read more

Ставањето тоалетна хартија во фрижидер повторно е во тренд

Read more

Вообичаена возачка навика покажува дека лицето можеби е психопат

Read more

Филм & ТВ

Уште едно од децата на Анџелина Џоли и Бред Пит се откажува од презимето

Read more

Филмските критичари: Манекенките и инфлуенсерите го уништија фестивалот во Кан

Read more

Химен доаѓа на големото платно

Read more

Прв трејлер за новиот филм со Бред Пит и Џорџ Клуни

Read more
 

Сцена

Уште едно од децата на Анџелина Џоли и Бред Пит се откажува од презимето

Читај повеќе

Лени Кравиц откри дека е во целибат девет години

Читај повеќе

Филмските критичари: Манекенките и инфлуенсерите го уништија фестивалот во Кан

Читај повеќе

Химен доаѓа на големото платно

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв трејлер за новиот филм со Бред Пит и Џорџ Клуни

Читај повеќе

Netflix го укинува симнувањето филмови и серии?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Rammstein направи спектакл во Белград

Читај повеќе

Трејлерот за новиот филм со Блејк Лајвли е прегледан повеќе од 222 милиони пати

Читај повеќе