Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се откажуваат од дебата во Парламентот за уставните измени

Скопје, 17 октомври 2018 (МИА) - Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од коалицијата „За подобра Македонија“ денеска на заедничка координација одлучија да се откажат од јаловата дебата која што се води во Собранието на Република Македонија, соопштија од партијата.

- Пратеничката група заклучува дека е кажано сѐ и дека нема потреба од натамошна дебата во однос на предложените уставни измени и Договорот од Преспа што беше отфрлен од народот на Референдум. Истовремено, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ апелираат и до пратениците од владејачкото мнозинство да се откажат од настапите и да се пристапи кон гласање по предлогот на Владата на Република Македонија за уставни измени, стои во соопштението.

Воедно се посочува дека тие нема да гласаат за пристапување кон измени на Уставот.

- Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ја изразија својата увереност дека предложените измени и амандманите на Уставот нема да минат во Собранието на Република Македонија и со тој свој став го запозна раководството на ВМРО-ДПМНЕ, при што едногласно ја потврдија својата позиција дека ќе гласаат против уставните измени, стои во соопштението.

Во македонското Собрание денеска е во тек третиот ден од дебатата за потребата за пристапување кон уставни измени на предлог на Владата.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе