Фит

Правилното време за оброк влијае на слабеењето

7. ноември 2019 - 11:34 | М.С.

Студијата објавена во американското списание Clinical Nutrition потврди дека на процесот на дебелеење и слабеење повеќе влијае времето кога јадете отколку она што го јадете, пишува Health24.

Истражувањето ги спореди резултатите од процесот на слабеење на две групи жени на возраст од 18 до 45 години кои се на диета, а дневно внесуваат ист број калории.

Резултатите покажаа дека групата жени кои имаа обилен оброк за ручек изгубија три килограми повеќе, отколку жените кои повеќе јадат за вечера. 

Оваа група на жени исто така имаше и нормално ниво на инсулин во организмот.

Едноставната промена во начинот на живот може да има многу придобивки за здравјето.

Кога имате оброк со хранливи состојки, ќе бидете сити и нема постојано да посегнувате по ужинка и слатка храна.

Доколку ручате на работа, од дома подгответе оброк со салата и многу зеленчук. Избегнувајте ја брзата храна како опција. 

Коментирај