Република Македонија денеска одбележува 26 години од референдумот на кој граѓаните се изјаснија за самостојна и суверена држава. Убедливото мнозинство од над 95 проценти од граѓаните кои излегоа да гласаат на 8 септември 1991 година, позитивно одговорија на прашањето „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија?“
На референдумот му претходеше Декларација за независност што првиот повеќепартиски парламент ја усвои на 25 , 1991 година. Следен важен чекор беше усвојување на новиот Устав на 17, ноември 1991 година.
Првиот претседател Киро Глигоров прогласи независност на Република Македонија на спонтаната прослава што се одржа вечерта на плоштадот во центарот на Скопје.