Свет

Пред училиште во Кина убиени осум ученици

3. септември 2019 - 9:04 | М.С.

Осум деца се убиени во напад пред училиште во источната кинеска провинција Хубеj, а уште две се повредени. CNN пишува дека сè уште не е познато зошто се убиени децата.

Според локалните власти, 40-годишниот Ју ги нападнал учениците пред основното училиште во 8 часот наутро, додека децата пристигнувале на настава. Полицијата веднаш го привела напаѓачот.

Ова не е прв случај на напад пред училиште во Кина. Во октомври минатата година, жена со нож нападна најмалку 14 деца во градинка во Чонгќинг.

Коментирај