„The Predator“ доби искрен трејлер
Кога се појави во киносалите, „The Predator“ беше дочекан со многу ентузијазам и возбуда, поради тоа што долго време недостасуваше нов филм од франшизата за моќниот Предатор. Сепак, филмот не беше токму она што го очекуваа фановите.
Екипата на YouTube каналот Screen Junkies подготви нов комичен Искрен трејлер за „The Predator“, кој за само два дена успеа да собере преку 1 милион прегледи. Погледнете го и вие.