Предпремиера на Мakedonissimo на пијанистот Трпчески во струшкото село Збажди

Со почит кон своите корени, македонскиот пијанист од светски глас, Симон Трпчески, на 27 август ќе ја изведе претпремиерата на својот проект Мakedonissimo во родното место на неговиот татко, струшкото село Збажди.

Во предвечерието на големиот христијански празник Голема Богородица, Трпчески и пријателите пред публиката, ќе изведат прилагодена програма од албумот „Мakedonissimo“.

Овој проект, во чии рамки на оригинален начин се обработува македонската народна музика од страна на нашиот композитор, Панде Шахов, кој, како што вели Трпчески, со својот посебен музички јазик ја обои на многу поинаков начин, испреплетувајќи со нашата традиционална музика различни музички стилови.

Уникатниот тим на Мakedonissimo – квинтетот го сочинуваат и Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело, на кларинет, саксофон и на кавал Хидан Мамудов, а зад удиралките е Влатко Нушев.

„Бидете и Вие дел од ова несекојдневно доживување, во очекување на скорешните изведби на Мakedonissimo на сцените од каде што се изнедри ова вонвременско музичко патешествие што го освои светот“, велат од Здружението за култура и уметност КултурОп.

За проектот Makedonissimo Трпчески говореше и во минатогодишното интервју специјално за Кајгана, кое можете да го прочитате со клик тука.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Култура

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Read more

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Read more

Прогласен лауреатот на наградата Антево слово 2024 година

Read more

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе