Дете на возраст од 11 години вчера вечерта било прегазено во Скопје.
Сообраќајната несреќа се случила во 21.30 часот на крстосницата меѓу булеварите „Партизански одреди“ и „Франклин Рузвелт“. Автомобил „ауди“ со скопски регистарски таблици, управуван од дваесет и петгодишен возач го прегазил детето.
Возачот на автомобилот избегал од местото на несреќата, но за кратко време се вратил.
Детето со полесни повреди било пренесено во болницата „Свети Наум Охридски“ и по укажаната лекарска помош било пуштено на домашно лекување.
Извршен е увид на лице место и се утврдуваат причините за несреќата.