Преговорите продолжуваат со интересна идеја на маса

Преговорите на претставниците на политичките партии потписнички на Пржинскиот договор ќе продолжат и денеска, со интересна идеја на маса.

Преговорите треба да го дадат одговорот на единственото преостанато спорно прашање – ингеренциите на министерот за внатрешни работи во преодната влада што треба да ги организира изборите и дали тој министер треба да се повлече веднаш по денот на изборите.

Вчера вечер, по разговорите во резиденцијата на американскиот амбасадор, претставниците на партиите не дадоа изјави, а Бејли рече дека има интересна идеја и се надева дека договор ќе се постигне до крајот на неделава.

„Не можам да ви соопштам дека постигнавме договор, но може да ви кажам дека имавме интересна нова идеја на маса“, изјави амбасадорот Бејли.

Тој ја повторни минатонеделната изјава дека „овој договор е многу важен за земјата, за вашите пријатели, за Европската Унија и за САД и ние сакаме да ги дадеме сите можности за да бидеме сигурни дека ќе го најдеме патот кон напредокот“.

На средбата присуствуваа Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Радмила Шекеринска од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА. Посредници на преговорите се американскиот амбасадор Џес Бејли и заменикот на евроамбасадорот Аиво Орав, кој е на дополнителни консултации во Брисел.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Македонија

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more
 

Вести

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе