Според критичарите и публиката, британската серија „Sherlock“ е една од најдобрите серии на ТВ во моментов. Ова се должи на одличниот кастинг, одлично напишаните авантури на модерниот Шерлок Холмс и секако, нешто што можеби не сте го забележале од прво гледање - одличната фотографија и режија на секоја од епизодите. Оваа компилација на сцени од серијата, ја истакнува симетријата во „Sherlock“, која е доведена до ниво на совршенство.