ПРЕМИЕР ЛИГА 2023/2024

Премиер лигата призна: На Ливерпул му е поништен чист гол - објаснувањето е лудо

На синоќешниот натпревар помеѓу Тотенхем и Ливерпул (2:1) беше забележана најголемата судиска грешка во историјата на Премиер лигата откако е воведена ВАР технологијата.

Во тек беше во 34. минута, при резултат 0:0, кога Мохамед Салах фантастично го проигра Луис Диас, а тој излезе сам пред Гиљермо Викарио и постигна гол. Но, помошниот судија го крена знаменцето и сигнализираше офсајд.

Главниот судија на натпреварот, Сајмон Хупер, по само 40 секунди разговор со колегите во ВАР собата, свирна офсајд позиција на напаѓачот на Ливерпул и го поништи неговиот гол.

И покрај тоа што со „голо око“ беше очигледно дека не станува збор за офсајд, на Ливерпул му беше ускратен гол, што на крајот на сезоната може да значи неосвојување титула или неодење во Лигата на шампионите, со оглед на тоа што синоќа на крајот беа поразени со 2:1.

Remote video URL

Недолго по натпреварот, Судиската организација на Премиер лигата (ПГМОЛ) излезе и призна дека на Ливерпул му бил поништен чист гол.

„Судиската организација е свесна за значајната човечка грешка што се случи на натпреварот помеѓу Тотенхем и Ливерпул. Голот на Луис Диас беше поништен со сигнализација за офсајд на судијата на натпреварот што беше чиста грешка и голот требаше да биде досуден. Сепак, ВАР не ја поправи оваа грешка. Ќе анализираме како настанала таква грешка и ќе контактираме со Ливерпул и ќе ја потврдиме грешката“, се вели во официјалното соопштение на ПГМОЛ.

А што всушност се случило го разјасни Sky Sports, а тоа само дополнително ќе ги налути сите во Ливерпул.

Откако Диас постигна гол, помошниот судија го крена знамето, а судијата го уважи тоа и свирна офсајд.

Тогаш се вклучија и судиите од ВАР собата кои исцртаа црти кои за жал гледачите на ТВ екраните не ги видоа.

Грешката настанала затоа што во ВАР собата мислеле дека голот е признат на теренот, а по проверката утврдиле дека нема офсајд и го известиле судијата дека ја донел вистинската одлука и тој автоматски останал на својата одлука што ја донел на терен.

URL
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе