Премиера на европската Honda Civic за 2017 година

Honda ги објави деталите и официјалните фотографии од европската верзија на Civic хечбек.

Дизајнот не е изненадување со оглед на тоа дека сериската верзија речиси и не се разликува од прототипот прикажан во март на автомобилскиот саем во Женева.

Исто како и американската верзија и европската ќе се произведува во Британија. Новата генерација е дури 130 метри подолга, 30 милиметри поширока и 20 милиметри пониска од претходниот модел.

Благодарение на тоа и зголеменото меѓу оскино растојание, автомобилот нуди поголем комфор за патниците, а багажникот остана ист како и кај претходникот, па е 478 литри.  

Дизајнот на ентериерот е значително променет, па сега централната конзола е понагласена, а нова позиција има и екранот од мултимедијалниот систем. Инструмент таблата се состои од екран во три дела, а најважните податоци се прикажуваат во форма на аналоген бројчаник. 

Засега е познато дека новиот Civic во Европа ќе има понуда од три мотори. Новиот 3-цилиндарски 1.0 литарски бензински мотор ќе испорачува 129 коњски сили, додека достапен ќе биде и бензинскиот 4-цилиндарски 1,5 литарски VTEC мотор со 182 коњски сили. 

Дизел понудата ќе биде 1.6 литарскиот i-DTEC мотор кој кај актуелната верзија испорачува 120 коњски сили, а би можел да биде подобрен и засилен за новиот модел. 

Новата Honda Civic ќе биде изложена на претстојниот саем во Париз, а во продажните салони ќе стигне на почетокот на 2017 година. 

реклама

Авто новости

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more
 

Автомобили

  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе