Преполовен извозот на македонски зеленчук во Русија

Скопје, 17 септември 2018 (МИА) - Поради нереализираниот пласман на свежата зелка, преполовен е извозот на македонски зеленчук во Русија, а за четвртина е намален пласманот на македонското овошје во првото полугодие од годинава во споредба со истиот период лани.

Според Македонско-руската стопанска комора, за ваквата истоштеност на македонскиот извоз на овошје и зеленчук нема никакви политички причини, туку се работи за одредено неснаоѓање на домашните компании со силната конкуренција на која се изложени на овој пазар.

„Добра вест е што не е намалена побарувачката на македонските земјоделски производи од страна на руските компании. Овојпат се испречува како проблем цената, бидејќи квалитетот на нашите производи никогаш не бил спорен за руските увозници“, изјави претседателот на комората Дејан  Бешлиев.

Во првото полугодие од годинава македонските компании во на рускиот пазар извезле зеленчук во износ од 5,7 милиони американски долари, а овошје од околу 4,9 милиони.

Дванаесет македонски компании, производители и преработувачи на свежо овошје и зеленчук до 20 овој месец ќе ги изложуваат своите производи пред посетителите на најголемиот прехранбен саем во Југоисточна Европа „Мир питание 2018“ (WORLD FOOD 2018), кој денеска беше отворен во Москва.

Учеството е во организација на Македонско-рускатата стопанска комора,  а финансиски го поддржува Министерство за земјоделство на Македонија.

Македонија на овој саем се претставува со национален штанд на 90 метри квадратни. Бизнис-делегацијата составена од 25 лица ја предводи Бешлиев. „Агролозар“ од Струмица, „Випро“ и „Виториа“ од Гевгелија, „Суна стар“ и „Румко“ од Ресен, „Ларс“ од Штип, „Кривогаштани промет“ од Прилеп, „Бага Фуд“ од Битола, „Јуникс“, „Химаглион“, „Конимекс“ и „Виталиа“ сите од Скопје. Свој посебен штанд на московскиот саем има компанијата „Витаминка“ од Прилеп, се компаниите учеснички.

„Од денеска на оваа саемска манифестација трае рамковното договарање на пласманите за следната година и се надеваме дека нашите производители и преработувачи заедно со руските увозници ќе успеат да најдат баланс меѓу квалитетот и цената и дека ќе следи зголемен пласман на земјоделски производи на овој пазар“, информира Бешлиев.

Покрај најголемите извозници на храна во Руската федерација, на оваа саемска манифестација традицонално се присутни и експерти од областа на агрокомплексот, а деновиве ќе се одржуваат и трибини, промоции и презентации, што го прави овој саем најголема берза за храна во овој дел на светот.

„WORLD FOOD 2017“ привлекува огромна публика, трговци на големо и мало, дистрибутери и ресторани. 

Во московскиот „Експоцентар“ каде што се одржува саемот, изложуваат 1.600 компании од 62 држави. Во просек изложбата на храна ја посетуваат преку 30.000 посетители од 79 региони во Русија и 90 други држави. Дури 25.000 посетители или 84 отсто од посетителите влијаат на одлучувањето за купување производи презентирани на саемските штандови.

Македонската бизнис - делегација во Москва ќе има посета и на „Македонски дом“, во деловниот центар „Фуд сити“, каде ќе има разговори со менаџментот на компанијата формирана за поттикнување на македонскиот извоз на рускиот пазар.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Македонија

Викендов променливо облачно со локален дожд

Read more

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Read more

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more
 

Вести

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе