Прераспределени судии во Кривичниот суд

Повеќе судии во скопскиот Кривичен суд кои одобрија некое барање на Специјалното јавно обвинителство или пак јавно се жалеа на работата на судот се преместени на нови позиции.

Така, судијката која на тимот на Катица Јанева му одобри претрес во Управата за безбедност и контраразузнавање и во станот на Коста Крпач, Весна Димишкова, место во претходна постапка сега ќе суди премети со малолетници. Од позицијата судија во претходна постапка е остранета и Славица Андреевска која му одреди притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талески, па сега ќе суди во Кривичниот оддел, и тоа стари предмети.

И судијата Ѓоко Ристов, кој имал издвоено мислење при едно барање на СЈО е преместен од организиран криминал во кривичниот оддел.

Други позиции добијаа и судиите Васил Динковски и Седат Реџепаѓиќ, кои беа дел од 15-те судиите кои поднесоа петиција до Судскиот Совет против работењето на поранешниот претседател на судот Владимир Панчевски.

Од Основниот суд Скопје 1 велат дека распоредот и преместувањата се право на претседателот на судот и дека не е вистина дека критериум било поведението на овие судии во врска со СЈО или нивните јавни критики.

„Судот во целост ги демантира наводите … дека со Годишниот распоред за работа на судот се прераспоредени само судии кои биле потпишани на петиција против поранешниот претседател или судии кои постапуваат само по предмети на СЈО или судии кои се ’подобни или неподобни’ со оглед да судиите се распоредуваат согласно Закон и потребите по оддели и одделенија зависно од бројот на предмети кои се во работа во судот со цел да не се дозволи било каков застој во постапувањето и одолговлекување на постапките“, соопштуваат од Основен суд Скопје 1.

На нивно место доаѓаат други судии, па така судијката Лидија Петровска која го суди предметот на СЈО против вработени во УБК ќе суди за организиран криминал.

Во истиот оддел, организиран криминал, ќе суди и доскорешниот претседател на судот Владимир Панчевски, па имајќи предвид дека најголем дел од предметите на СЈО се од областа на организираниот криминал, тоа значи дека новите обвиненија на Катица Јанева ќе доѓаат токму и кај Панчевски и кај Петровска.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе