Најмалку 52 лица загинаа во нереди и пожарот што избувна во затвор на северот на Мексико, соопштија властите.
Нередите започна во четврток вечер, нешто по полноќ, со кавга меѓу две ривалски групи во затворот „Топо Чико“, во индустрискиот град Монтереј.
Гувернерот Хаиме Родригез рече дека властите ја ставиле ситуацијата под контрола час и половина по полноќ.
Родригез рече дека 52 лица загинале, без да прецизира дали меѓу нив има и затворски чувари. Според неговите зборови, сите загинати се мажи, пренесува AFP.
Во нередите беа повредени 12 лица, од кои пет се наоѓаат во тешка состојба.