Фит

Престанете со изговори: Имате време за вежбање

31. октомври 2019 - 14:53 | М.С.

Најголемата лага која ја кажувате на себеси e дека немате слободно време за вежбање. Дали навистина е така?

Со оглед на тоа дека Америка важи за држава во која прекумерната тежина е сериозен проблем, во новото истражување во кое учествуваа скоро 32.000 луѓе, покажа дека луѓето во просек имаат 5 до 6 часа слободно време во денот.

Меѓутоа, тие го поминуваат слободното време гледајќи телевизија или скролајќи по социјалните мрежи.

Според препораките на лекарите, возрасните луѓе треба да имаат барем 150 минути физички активности неделно, односно да вежбаат барем по половина час, пет дена неделно.

Меѓутоа, многумина тврдат дека немаат време за тоа, па во светот има сè повеќе луѓе со прекумерна тежина и сериозни здравствени проблеми.

Во слободното време не се вклучени вообичаените активности како што се купување намирници, чистење, готвење.

Секогаш ви останува слободно време кое не го користите на вистинскиот начин.

Докторката Коен, смета дека оваа студија ќе подигне свеста на луѓето дека треба да го ограничат времето поминато пред екраните.

Коментирај