Денеска во Македонија претпладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а попладне променливо и нестабилно облачно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Утринските температури ќе се движат од 8 до 13 Целзиусови степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 19 до 27 степени.
Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 27 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.
За време на викендот ќе биде претежно стабилно и потопло. Од недела попладне до вторник повторно ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи.