Претседател за богаташи: Макрон нема контакт со реалноста

Тоа беше најјважното телевизиско појавување на Емануел Макрон откако 40-годишниот поранешен банкар стана претседател на Франција. Се обрати на гневната нација за да ја увери дека не е арогантен „претседател за богаташи“ и дека го разбира обичниот француски народи и маката да се врзе крај со крај.

Сепак, неговиот избор да го одржи монументалниот говор за социјална нееднаквост седнат во една од најраскошните соби во луксузната Елисејска палата, им бодеше очи на луѓето кои излегоа да протестират на улиците ширум Франција против високите цени на горивото, а потоа и за општата социјална криза во земјата.

Елисејската палата, резиденција на француските претседатели што е два пати поголема од Белата куќа во САД и за која се потребни 104 милиони евра годишно за одржување, беше фокусна точка на гневните демонстранти кои протестираат од 17 ноември.

На барикадите, голем дел од нив ги критикуваа Макрон и првата дама на Франција бидејќи се зафатија со реновирање и преуредување на дел од собите во палатата од 18. век  – во приемната сала ставија нови теписи што чинат 300.000 евра.

Макрон избра да се обрати на нацијата од традиционалната претседателска канцеларија, позната како „Златната соба“, седнат зад бирото што го користеле сите претседатели од Шарл де Гол наваму и е антиквитет што се смета за едно од највредните парчиња во раскошната палата.

Во 13-минутното обраќање, обичниот Французин не можеше, а да не забележи дека бирото и сѐ околу Макрон беше позлатено, додека тој зборуваше дека ги разбира „проблемите на демонстрантите во вистинскиот свет“.

Секој потег и секое трепнување на Макрон беше ставено под лупа. Некои се прашуваа од што му е црвенилото на вратот и дали му се појавило од стрес. Други коментираа дека седел зад претседателското биро како наставник што дели писмени задачи. Но, рекордни 23 милиони луѓе го гледаа неговото обраќање – речиси исто толкава бројка го следеа финалето на Светското првенство во фудбал кога Франција го освои златото.

Макрон обично дава ТВ-обраќања од канцеларијата каде работи секој ден, што е уредена со модерни уметнички дела, но има изјавено дека сака да работи во позлатената претседателска соба кога мора да се фокусира на посложени прашања што бараат повеќе време и поголем ред.

Таму го пречека и американскиот претседател Доналд Трамп.

„Нема допир со реалноста“, беше најчесто извикуваната парола и најчестиот транспарент на улиците низ Франција, каде демонстрантите го споредуваат Макрон со монарх.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more
 

Вести

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе