Македонија

Претседателот Пендаровски ќе се обрати до јавноста

18. октомври 2019 - 13:52 | МИА/КАЈГАНА

Скопје, 18 октомври 2019 (МИА) – Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска во 14:00 часот ќе има обраќање до јавноста. Обраќањето следува по состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел на кој се решава за пристапните преговори со Северна Македонија.

Како што соопштија од неговиот кабинет, обраќањето ќе биде емитувано во живо на Националната радио телевизија, на македонски јазик на првиот програмски сервис, како и на вториот програмски сервис, на албански јазик. Обраќањето на Претседателот ќе биде толкувано и на знаковен јазик, а ќе се пренесува и на Фејсбук страната и на Youtube каналот на Претседателот.

Во меѓувреме, од Владата за МИА потврдија дека во тек се политички консултации на повеќе нивоа, на кои се разгледуваат и анализираат сите опции во врска со следните чекори што ќе бидат преземени по состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел.

Анализи и консултации се вршат и во политичките партии, а веќе има најава и за можна лидерска средба кај претседателот на државата Пендаровски.

Коментирај