Хардвер

Претставена најтенката тастатура во светот

3. септември 2013 - 18:47 | Б.С.Б.

Компанијата CSR од Кембриџ, специјализирана за безжична технологија, ја произведе најтенката тастатура во светот со флексибилен и безжичен екран чувствителен на допир, додека дебелината на тастатурата изнесува половина милиметар.

Најтенката тастатура во светот беше претставена на саемот IFA во Берлин, а во продажба ќе се најде за една година. Пол Вилијамсон, директор на производство во компанијата, наведува дека главната цел е оваа тастатура да биде лесна замена за тастатурите на тaблетите.

„Ова е прототип на кој се работи, а би требало да излезе во различни форми, големини и бои“, вели Вилијамсон.

Тастатурата е развиена во партнерство со компанијата Cambridge Injekt Technology, а корисниците ќе можат да ја прилагодат за различни намени.

Екранот може да се користи како лист хартија и на него може да се пишуваат забелешки, а потоа да се синхронизира со компјутер, пренесува Guardian.

Коментирај