Камион што превезувал пиво во лименки се преврти на најпрометниот автопат во Австралија, поради што сообраќајот беше во прекин цели седум часа, соопшти полицијата.
Несреќата се случила вчера, на околу 300 километри северно од Сиднеј.
Илјадници лименки со лагер пиво „Victoria Bitter“ на пиварницата Carlton & United Breweries го блокираа автопатот седум часа.
Полицијата и екипи на Брзата помош веднаш реагирале и за среќа нема повредени во инцидентот.
Возачот (24) изгубил контрола над возилото и удрил во заштитната ограда, по што камионот се превртил.
Тој не бил под дејство на алкохол или дрога и се претпоставува дека причината зошто изгубил контрола врз возилото е умор.