Ракомет

Прибак: Да постигнеме успех како оној од ЕП во Србија

30. декември 2013 - 12:11 | Д.П.

Новиот македонски ракометен репрезентативец и член на РК „Вардар“, Немања Прибак денеска ќе се врати во Скопје, по подготовките што ги имаше со репрезентацијата во Пореч, Р.Хрватска.

„Сметам дека сме спремни, од причина што напорните подготовките поминаа според планот. Веќе сме на пат за дома, каде што ќе имаме краток одмор за новогодишната ноќ и веќе од први јануари се враќаме на теренот на првиот тренинг од новата година", рече Прибак, кој додаде дека новогодишната вечер ќе ја помине со семејството во Ниш.

Немања Прибак испрати и честитка до фановите на РК Вардар и до своите колеги од репрезентацијата и тимот.

„На сите наши фанови им посакувам година исполнета со многу успеси на сите полиња, а на моите соиграчи од Вардар им посакувам да бидеме дел од 16те најдобри во Лигата на шампиони. На репрезентативно ниво, посакувам да обезбедиме пласман во следната фаза, а таму со мојата помош да постигнеме успех како оној кој го имавме на минатото ЕП во Србија", рече Прибак.

Коментирај