Живот

Придобивки за децата од грижата за домашни миленичиња

5. септември 2019 - 15:54 | М.С.

Во ваквото брзо темпо на живот, често забораваме како секое суштество во нашето опкружување може да биде учител за нас. Животните се прекрасни битија кои ни даваат безусловна љубов и верност.

Какви придобивки имаат децата кои се грижат за домашно милениче?

Децата кои имаат домашно милениче полесно развиваат емпатија

Грижата за милениче подразбира поголема одговорност. Грижејќи се за кучето, детето развива емпатија, чувство на одговорност, дисциплина.

Миленичињата се антистрес терапија

Децата кои се поврзуваат со своите миленици кога се тажни се помалку вознемирени и нервозни.

Миленичето дава чувство на сигурност и љубов

Миленичињата помагаат при осаменост. Домашните миленици не можат да разговараат, но детето со нив може да си игра и да другарува.

Надминување на срамежливоста

Студиите покажуваат дека гласното читање пред домашното милениче им помага на децата да имаат поголема самодоверба и да го намалат стравот од јавно говорење на училиште, пренесува The MomBeat. Миленичињата бараат внимание и тоа не му остава можност на детето да се повлече и да биде срамежливо.

Но, пред да ја отворите вратата на срцето и вашиот дом на домашно милениче, бидете сигурни каква одговорност ја преземате.

Коментирај