Индиската актерка Пријанка Чопра поради изнесениот став на Twitter обвинета е дека повикува на војна во време кога постои тензија со Пакистан.
Американката со пакистанско потекло, Ајеша Малик, за време на една конференција за убавина одржана во Лос Анџелес на која присуствувала Чопра, ја обвинила дека е лицемер.
Актерката во февруари на Twitter напишала: "Jai Hind #IndianArmedForces", што во превод значи „Да живее Индија“ a тоа се зборови за поддршка за индиската војска. Во тоа време било тензично помеѓу Индија и Пакистан, соседни држави кои поседуваат нуклеарно оружје. Имало провокации кои брзо ескалирале.
Чопра пред неколку дена била на сцена на конференцијата Beautycon кога ѝ се обратила Ајеша Малик.
„Беше тешко да ве слушам додека говорите, затоа што сте лицемер“, изјавила Малик, па ѝ го одзеле микрофонот.
„Вие сте амбасадорка на УНИЦЕФ a поттикнувате нуклеарна војна против Пакистан. Тука нема победник“.
Односите помеѓу Индија и Пакистан се влошени откако 40 индиски војници се убиени во Кашмир во нападот за кој е виновна пакистанската терористичка група. Чопра изјави дека не сакала да повреди никој, не сака да има војна, жал ѝ е ако навредила некој бидејќи тоа не била нејзината намера.