Примирјето меѓу Израел и Хамас стапи на сила

Прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас со посредство на Египет стапи на сила денеска, а американскиот претседател Џо Бајден вети дека ќе го спаси уништениот Појас Газа со хуманитарна помош по најлошиот конфликт со Израел во последните неколку години.

Палестинците, од кои многумина поминаа 11 дена во страв од израелско гранатирање, излегоа на улиците во Газа, а звуците од џамијата ја означија „победата на отпорот постигнат над окупацијата“.

Двете страни изјавија дека се „подготвени да возвратат на какво било кршење на прекинот на огнот“.

Каиро рече дека „ќе испрати две делегации да го следат прекинот на огнот“.

Нов циклус на насилство избувна на 10 мај кога Хамас започна да го ракетира Израел по повеќенеделни тензии за можни присилни иселувања на палестински семејства во Источен Ерусалим и полициски судири со Палестинците за време на Рамазан во близина на џамијата Ал Акса, третото најсвето место за муслиманите.

Конфликтот значеше дека многу Палестинци во Газа не можат да го слават Курбан Бајрам, па затоа во петокот се одржаа одложени прослави низ цела Газа.

Здравствените власти во Газа соопштија дека „232 Палестинци, од кои 65 деца, загинаа во воздушните напади, а над 1.900 лица беа повредени“.

Властите утврдија дека бројот на жртвите во Израел е 12, а стотици луѓе се повредени во ракетни напади кои предизвикаа голема паника во земјата.

Египет ќе контролира, Хамас ги оцени борбите како успешен отпор

Хамас, исламистичката милитантна група што владее со Газа, ги опиша борбите како успешен отпор на воено и економски посилниот непријател.

Претходно, Бајден побара израелски премиер Бенјамин Нетанјаху за деескалација, додека Египет, Катар и Обединетите нации се обидоа да посредуваат.

Во телевизиско обраќање вчера, Бајден го поздрави примирјето меѓу Израелците и Палестинците со посредство на Израел, со што се стави крај на конфликтот меѓу израелските трупи и Хамас по 11-дневни жестоки борби.

Тој вети дека САД, во соработка со Обединетите нации и другите меѓународни чинители, ќе доставуваат хуманитарна помош за луѓето во Газа и ќе учествуваат во реконструкцијата на областа.

Американскиот претседател истакна дека помошта за реконструкција ќе биде извршена во соработка со палестинските власти, а не со Хамас, кој САД го означуваат како терористичка организација и кој го контролира Појасот Газа.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Свет

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more
 

Вести

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе