Бизнис

Принцот повикува големи имиња на помош - ќе се гради мегаград на иднината

12. октомври 2018 - 10:57 | М.Д.

Саудиска Арабија носи големи имиња за да добие совети за еден од најамбициозните проекти - изградба на футуристички мегаград.

Коосновачот на Uber, Тревис Калник, директорот на Softbank, Масаиоши Сон, членот на Facebook, Марк Андерсон, се само некои од звучните имиња кои прифатија да работат како советници во овој проект.

Меѓутоа, ниту еден од нив не сакаше да открие повеќе детали.

И додека тие се јавно ставени на листата на проектот вреден 500 милијарди долари, познат како NEOM, некои други не сакаат нивното име јавно да се поврзува со овој проект. Меѓу нив е еден директор на Google, кој работел во администрацијата на Обама, но и други звучни имиња.

Саудискиот престолонаследник Мохамед Бин Салам го најави овој мегаград пред една година. Градот е една од главните цели во неговиот план за проектот „Визија 2030“.

Саудијците пред почетокот на изградбата мораат да одговорат на многу прашања, меѓу другите и за исчезнатиот новинар Џамал Кашоги.

Коментирај