Пристигна нов трејлер за мјузиклот „Mary Poppins Returns“
Дамата со чадор, легендарната дадилка Мери Попинс, која во 1964 година ги освои срцата на публиката повторно се враќа на филмското платно. Во новиот филм на Disney главната улога ја има Емили Блант, која ќе се обиде достојно да ја замени Џули Ендрус, која се појави во улогата на Мери Попинс во оригиналниот филм.
Новиот филм ќе биде мјузикл, исто како и оригиналот од 1964 година, со тоа што дејството ќе биде сместено во сегашноста. Иако ќе има мали измени, сепак главната приказна е инспирирана од книгите на авторката Памела Лајдон Траверс. Авторката наводно била во врска со Волт Дизни, што ѝ го олеснило патот до екранизирање на нејзините дела.
Премиерата на „Mary Poppins Returns“ е закажана за 19 декември оваа година.