Пристигна официјалниот трејлер за „Mary Poppins Returns“
Британската певлива бебиситерка Мери Попинс се враќа на големото платно во филмот „Mary Poppins Returns“, чија премиера е закажана за крајот на оваа година.
Традиционално, улогата на Мери Попинс ѝ припадна на Британка – Емили Блант. Дејството на филмот е сместено во Лондон, 25 години по дејството на оригиналниот филм од 1964 година.
Како што беше очекувано, филмот ќе биде во форма на фантастичен мјузикл наменет за новата генерација на филмски уживатели, но пред сѐ е наменет за децата од школска возраст.