Пристигна првиот трејлер за „How High 2“
Цели 18 години откако во киносалите низ светот се појави хитот „How High“ ни доаѓа трејлерот за неговото долгоочекувано продолжение. Овојпат наместо раперите Редмен и Метод Мен во главните улоги ќе се појават ликови од новата генерација, како Лил Јахти и Лил Бејби.
Реакциите за трејлерот беа гласни и во голема мера негативни, но само затоа што луѓето и понатаму се чувствуваат премногу приврзани за оригиналниот филм. Покрај Лил Јахти и Лил Бејби, во филмот ќе се појават и Џенсен Панетјер, Ања Монзикова и Диреј Дејвис, а режисер на филмот е Брус Леди.
Премиерата на „How High 2“ е закажана за 20 април оваа година.