Пристигна првиот трејлер за „The Secret Life of Pets 2“
Анимираниот филм „The Secret Life of Pets“ беше вистински боксофис хит во 2016 година, а најавата дека ќе се снима второ продолжение тогаш ги израдува сите искрени љубители на домашните миленици. Вчера конечно беше претставен и првиот трејлер за „The Secret Life of Pets 2“.
Трејлерот изгледа подеднакво смешно и неодоливо како и оригиналниот филм. Има само една мала измена: наместо Луи Си Кеј (кој беше мета на обвинувања за сексуално вознемирување), гласот на главниот лик Макс сега го позајмува актерот Патон Освалт.