Притвор за бугарски државјанин за неовластено производство и продажба на дрога

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово нареди спроведување на истражна постапка против државјанин на Република Бугарија поради сторено кривичнoто делo – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.

Вчера околу 00:15 часот, на граничниот премин Табановце, на излез од Република Македонија, за влез во Република Србија, при контрола на патничко моторно возило Peugeot 807 со бугарски регистарски таблички бил откриен бункер со 71 пакетче марихуана. Бункерот бил направен во подот на возилото до задните седишта.

Марихуаната со вкупно нето маса од 17.665,5 грама, била спакувана во растителен материјал и полиетиленска вакуум кеса обвиткана со транспарентна растеглива фолија. Осомничениот дрогата ја пренесувал заради продажба.

На осомничениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

реклама

Хроника

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе