Приведени девет лица за престрелката во Куманово

Скопје, 1 ноември 2018 (МИА) – Надлежен јавен обвинител од кумановското Основно јавно обвинителство и увидни екипи од Министерството за внатрешни работи извршија увид на местото во Куманово каде што вчера попладнето се случи оружена престрелка меѓу две семејства, при што животот го загуби едно лице.

По наредба на  јавен обвинител обезбедени се траги од местото, пронајденото ладно оружје и испуканите чаури. Претстои нивно вештачење кое ќе даде потребни податоци и докази за натамошниот тек на кривичната постапка. Издадена е и наредба за вршење обдукција на починатото лице, соопшти Јавното обвинителство.

Деветмина учесници во оружената престрелка се лишени од слобода. Постои сомнение дека во кривично правниот настан учествувале уште неколку лица.  Во насока на утврдување на фактите во предметот, јавниот обвинител во континуитет презема дејствија. Од Јавното обвинителство наведуваат дека престрелката била ескалација на меѓусебните недоразбирања  и  повеќемесечно нетрпение меѓу две семејства. Нивните меѓусебни расправии, како и претходна тепачка со телесни повреди била веќе предмет на постапување на органите на прогонот.

„Синоќа околу 18:30 часот членови на едно од семејствата се движеле по улицата „Тоде Мендол“ во близина на маркетот „Арди“ во Куманово. Во тој момент биле пресретнати од членови на второто семејство по што започнала физичка пресметка меѓу нив. Во инцидентот било употребено огнено и ладно оружје, а како последица на тоа едно лице се здобило со животно-загрозувачки повреди и починало, а на друго лице му била нанесена убодна рана од нож“, соопшти Обвинителството.​ 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Хроника

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Read more

Кучиња скитници искасаа три лица во Скопје

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе