Приведени двајца актери во Гостивар, прекинале проба на театарска претстава

Гостивар, 13 ноември 2019 (МИА) – Двајца актери вчера попладне биле приведени во полициска станица Гостивар по пријава дека ги попречувале активностите на Гостиварскиот театар.

Актерите сметаат дека се неправедно отстранети од претставата и за тоа не добиле образложение.

Актерите Берат Салији и Арѓент Хасани денеска дадоа појаснување за вчерашниот настан и бараат одговори и реакции на надлежните институции.

– Ние бевме дојдени на проба со останатите актери, но бевме изнесени со лисици на рацете од театарот. Наводно сме ја попречувале работата. Нејасна е реакцијата на директорот Висар Вишка, бидејќи ние баравме и уште бараме образложение зошто сме отстранети од претставата која почна да се подготвува во април годинава. Ние ќе си ги бараме правата и да се вратиме во актерската екипа, вели Арѓент Хасани.

Неговиот колега Берат Салији, кој претходно беше назначен за директор на Гостиварскиот театар, смета дека ваквите постапки имаат политичка заднина и мотиви кои немаат врска со културата и театарот.

– Бев ангажиран од самиот почеток на подготвките на претставата „Натан мудриот“, а по мојата смена како директор, бев отстранет и од преставата на нејасен начин. Наводно не сме ги почитувале дисциплината и режисерските насоки. Но, повеќе од јасно е дека мотивите за оваа „игра“ се политички мотивирани, вели Салији.

Вршителот на должноста директор на Гостиварскиот театар, Висар Вишка за МИА потврди дека тој ја повикал полицијата, бидејќи бил нарушен работниот процес.

– Бев принуден на таков чекор и како одговорен за редот, морав да побарам помош од полицијата. Тие и претходно попречија проба, но успеавме некако да се разбереме. Суштината на целата работа е што тие двајца актери и претходно побараа да се смени режисерот Сулејман Рушити. Тоа е нелогично. А, за да продолжиме со работата и обврските, решивме да најдеме нивна замена. Тие се отстранети бидејќи не ја почитуваа дисциплината и не доаѓаа на проби, изјави Висар Вишка.

Актерите кои се отстранети од преставата најавуваат уште реакции и како што рекоа правдата ќе бараат по институционален пат.

Од СВР Тетово го потврдија настанот и дека интервенирале на поплака во Гостиварскиот театар. Случајот целосно е расчистен и против А.Х. изготвен е соодветен поднесок за сторен прекрошок од областа на јавниот ред и мир.

Гостиварскиот театар беше формиран на почетокот на годината со владина одлука. Во него треба да работат 30-тина професионални актери и технички персонал. На почетокот на септември, дојде до смена на раководното место. Според програмата, оваа година требаше да бидат поставени три претстави, но досега не е одиграна ниту една. Поголемиот дел од вработувањата веќе се реализирани и се работи на обезбедување просторни услови во Центарот за култура АСНОМ Гостивар.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Читај повеќе

Македонија денеска избира претседател: 7 имиња на гласачкото ливче

Читај повеќе

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе