Проблеми со мафијата: Гатузо планира да го исели семејството од Италија

Калабриската мафија позната како Ндрангета се обидува да изнуди пари од семејството на легендарниот италијански ас Џенаро Гатузо, кој поради тоа планира дури и да се исели од земјата, пишува италијанскиот весник Il Messaggero.

Сè започнало кога италијански експерт планирал да постави фотоволтаични панели на земјиште во сопственост на неговиот татко. За овој проект добил средства од 80.000 евра. Гангстерите не губеле време и ги понудиле своите „заштитни“ услуги барајќи такса од 3.000 евра.

Кога предлогот бил одбиен од популарниот Рино, криминалците почнале да вршат притисок врз таткото на Гатузо и двапати го запалиле автомобилот на неговата ќерка Ида (сестрата на Џенаро), во октомври и декември 2023 година.

После тоа семејството поднело пријава во полиција. Во истрагата која е во тек се приведени две лица.

Во текот на постапката, беше откриено дека Џенаро исто така бил принуден да се вклучи. Тој се согласил со барањата на мафијата со тоа што преку пријател на 10 јануари платил 3.000 евра, па дури размислува и за преселување на семејството од Италија на побезбедно место.

Џенаро е родум од Кориљано Калабро, гратче близу Козенца во провинцијата Калабрија во Јужна Италија.

URL

Моментално е тренер на Олимпик Марсеј, а најголема трага остави во редовите на славниот калчолигаш Милан со кој двапати ја освои Лигата на шампионите и исто толку пати Скудетото.

Со италијанската репрезентација успеа да ја освои титулата светски првак на Мундијалот 2006 во Германија.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе