Проблеми за Баерн пред мечот со Ливерпул: Ковач и Тијаго во расправија, резервите незадоволни од тренерот

Изгледа дека проблемите во соблекувалната на Баерн Минхен не престанаа, туку само се стивнаа во изминатите два месеци. Денеска, на еден ден пред дуелот против Ливерпул во рамките на Лигата на шампионите, германските медиуми пишуваат за нов скандал и нова кавга помеѓу две клучни фигури во тимот.

Нико Ковач никако да здивне – уште од првиот ден кога почна со работа во Баерн Минхен, играчите не покажаа никаков знак на поддршка кон Хрватот.

Непосредно пред натпреварот против Аугсбург, Тијаго Алкантара вербално го нападнал Нико Ковач пред сите играчи во соблекувалната, а според пишувањата на германскиот весник Bild, покус не останал ниту Ковач. Целата оваа ситуација резултираше во ново незадоволство во составот на Баерн, а Тијаго Алкантара беше заменет во 82-та минута од натпреварот против Аугсбург, иако играше прилично добро.

А проблемите продолжија и по натпреварот, кога резервите Франк Рибери, Хави Мартинез, Ренато Санчес, Рафиња и Алфонсо Дејвис искажаа незадоволство поради тоа што Нико Ковач го оставил неговиот брат Роберт да го води тренингот. Тие се пожалија дека не им била дадена шанса да се наметнат за место во составот во пресрет на мечот против Ливерпул, а веќе денеска беше објавено дека Рибери и Џером Боатенг нема да бидат во составот за овој осминафинален дуел.

Bild истакнува дека играчите не го сфаќаат Ковач сериозно, најмногу поради тоа што тој „ги крши своите правила“. На последниот тренинг пред натпреварот против Штутгарт, Ковач задоцнил десетина минути, откако претходниот ден им рекол на сите играчи дека доцнењето нема да се толерира

Ситуацијата и понатаму останува без разврска, бидејќи раководството на Баерн Минхен има доверба во Нико Ковач, барем засега. Но, тешко е да се претпостави дека Ковач ќе остане на чело на тимот и во следната сезона, посебно не ако Баерн сака да ги задржи среќни главните играчи.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе