СЕРИЈА А 2019/20

Проблеми за Конте: Повредата на Алексис бара операција

Алексис Санчес заработи повреда играјќи на пријателска за Чиле, а прогнозите велат дека потребна е хируршка интервенција и пауза од три месеци.

Чиле и Колумбија во саботата играа пријателски натпревар во шпанскиот град Аликанте. Во 88-мата миунута Санчес мораше да го напушти тенерот откако заработи повреда на зглобот при еден дуел со Хуан Куадрадо, инаку играч на Јувентус.

Во истиот град, Чиле утре се среќава со Гвинеја, а Санчес нема да биде дел од тимот бидејќи веќе се врати во Милано на прегледи кај својот Интер.

„Го загубивме Алексис за овој натпревар, а доколку Интер реши да го оперира ќе биде надвор два или три месеци. Штета, таман почна да игра за својот клуб, даде два гола и играше во Лигата на шампиони. Сега ја чекаме одлуката на Интер, ќе видиме што ќе одлучат. За нас е Алексис Санчес, за Интер е еден од нивните играчи“, изјави чилеанскиот селектор Рејналдо Руеда.

Одлуката ќе биде на Антонио Конте и медицинскиот тим кои треба да решат што е најдобро за играчот. Итна операција може да го исфрли Санчес од игра до Нова Година што би значело опција помалку во офанзивниот ред за претстојните важни натпревари во Серија А и Лигата на шампиони. Во спротивно, играчот би ризикувал посериозна повреда и подолго отсуство.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе