Бизнис

Процесирање нов тип на плаќања - Western Union безготовински трансакции во денари

15. октомври 2019 - 16:01 |

Шпаркасе Банка го почна проектот за процесирање безготовински Western Union трансакции во денари преку Erste Group Bank AG.

За првпат на домашниот пазар, Western Union преку својата електронска платформа им овозможува на клиентите реализација на прекугранични безготовински и електронски трансфери на средства во домашна валута (денари).

За овој вид трансфери се користат услугите на Erste Group Payment Function (Erste GPF) како payment hub, во кој се насочуваат плаќањата од платформата на Western Union кон Шпаркасе Банка. Потоа, откако ќе се утврди дали крајниот корисник е клиент на Шпаркасе Банка или, пак, е клиент на друга македонска банка, се постапува во согласност со правилата за спроведување брз трансфер на пари.

За клиентите на Шпаркасе Банка процедурата e идентична како за другите трансакции по налог на нерезидент во корист на резидент во денари. Со оглед на тоа дека трансакцијата се одвива помеѓу две физички лица, банката може да спроведе постапка на директна наплата и може да ги одобри директно на тековната сметка на корисникот на наплатата, без претходна писмена информација добиена од корисникот – физичко лице, доколку во известувањето за пристигнатата наплата добиена од странската банка е наведено дека станува збор за личен трансфер на средства.

Овие трансакции ќе се реализираат без провизија за крајниот корисник – примач.

*Промотивен текст

Коментирај