Продолжуваат протестите на Шарената револуција

Протестите на граѓаните од Шарената револуција, продолжуваат во понеделник во Скопје, од пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство, во 19 часот.

Организаторите порачуваат:

 Правдата е под сериозна закана. Протестирам! 
Уставниот суд е под партиска опсада. Протестирам! 
Груевски и Иванов им се закануваат на граѓаните. Протестирам! 
Власта сака да преговара тајно. Протестирам! 
Власта не сака да се чуе мислењето на граѓаните. Протестирам!
Протестирам со Шарена револуција денес (27 јуни), 19 часот, пред нашата тврдина - СЈО!
Борбата за правда продолжува! 
Криминалот веќе нема да смее да проаѓа пред очите на граѓаните!
Протестирам 80 денови со илјадници соборки и соборци!
Заедно спречивме помилување криминалци, заедно спречивме уште едни фалсификат избори! Нашите другари се на слобода!
Продолжуваме, се вклучуваме во решавањето на кризата!

Таканаречената Шарена револуција со која граѓаните го изразуваат незадоволството од функционарањето на државата, од аболициите на претседателот Ѓорге Иванов, за повеќе политичари, од непрочистениот избирачки список, од партизираното судство и администрација, од притисокот врз медиумите, трае речиси 80 дена.

Учесниците почнаа да фрлаат боја врз спомениците во центарот на Скопје, кои се дел од проектот „Скопје 2014“, ја демолираа народната канцеларија на претседателот, а продолжија да ги „бојат2 и институциите, Владата, Собранието, министерствата за правда и за надворешни работи. Поради тоа отпорот на граѓаните се нарече Шарена револуција. 

Неколкупати тие спроведуваа „герила акции“, кога блокираа крстосници и мостови во главниот град. 

Протести се организираат речиси секое попладне и во другите градови, при што исто така, мета на демонстрантите се државните објекти, по кои се фрлаат балони со бојa.

реклама

Македонија

Ковачевски му честита на Мицкоски: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Read more

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Read more

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more
 

Вести

Ковачевски му честита на Мицкоски: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Читај повеќе
  • play_arrow

Муцунски: Бојкотот не успеа, ДУИ оди во опозиција

Читај повеќе