Наука

Проект Artemis: НАСА планира во 2024 година да ја испрати првата жена на Месечината

1. септември 2019 - 14:26 | Б.С.Б.

Научници од НАСА се обврзаа дека првата жена на Месечината ќе биде дел од мисијата во 2024 година.

Со неодамнешниот говор организиран во чест на жени претприемачи, Џим Бриденстин од НАСА укажа дека неговата 11-годишна ќерка е негов мотивациски фактори и дека жените во иднина ќе одат на Месечината.

Во НАСА има 12 жени астронаути што е помалку од една третина од вкупниот број астронаути. Проектот наречен Artemis, по грчката божица на Месечината, во следните 5 до 6 години ќе чини 20 до 30 милијарди долари, а парите не се обезбедени.

„Еден од предизвиците со кои мора да се носиме е политичкиот ризик кој НАСА го прифаќа кога работи на проекти на долги патеки“, вели тој.

Ставот на американскиот претседател Доналд Трамп засега е непознат. Во јуни тој инсистираше НАСА да се фокусира на многу поважни мисии од испраќањето жена на Месечината, како што е мисијата на Марс, пишува Independent.

Коментирај