Проект од 400 милиони евра: Како Ајакс може да заработи од продажба на играчи?

Холандската лига секогаш била расадник за фудбалски таленти а Ајакс е познат како клубот со најдобра младинска школа во светот. Огромен број таленти кои излегуваат од редовите на овој клуб потоа ги носат дресовите на најголемите клубови во светот. Нова генерација на таленти е на повидок, а Ајакс би можел многу да профитира од нивната продажба.

Доаѓа момент во кариерата на младите играчи кога стануваат премногу квалитетни за да продолжат да го носат дресот на Ајакс, па затоа клубот решава да ги продаде за фина сума која потоа ја вложува назад во младинската школа.

Френки де Јонг и Матијс де Лигт веќе се наоѓаат на скаут-листите на најголемите светски клубови и борбата за нивниот потпис ќе биде жестока веќе од јануари наредната година. Манчестер Сити подготвуваат понуда од 70 милиони евра за 21-годишниот де Јонг, кој во текот на летото беше мета на интересот на Барселона. Неговиот соиграч Матијс де Лигт е најблиску до Барселона, која изгледа како вистинска дестинација за него бидејќи Џерард Пике е сѐ поблиску до преселување на клупата и со тоа се отвора место за нов дефанзивец со изразени технички квалитети – токму она што го поседува младиот Холанѓанец.

Листата на суперталентирани млади фудбалери не завршува таму. Иако де Јонг и де Лигт се најбараните двајца, сепак во тимот на Ајакс има уште неколку играчи кои го привлекуваат вниманието на европските гиганти. Хаким Зијех (25), Николас Таљафико (26) и Давид Нерес (21) се во фокусот на неколку англиски и шпански клубови, а Ајакс се надева дека од нивната продажба ќе инкасира околу 70-80 милиони – сума многу помала од онаа која беше одвоена за нивно купување. Тројцата беа купени за вкупно 24 милиони евра.

Иако повредите го оддалечија од терените во поголемиот дел од 2018 година, Каспер Долберг сепак успеа да одигра осум одлични натпревари сезонава во кои постигна пет гола и повторно почна да се вмешува како еден од посериозните кандидати за напуштање на клубот на лето, и тоа по висока цена. Уште еден од истата класа таленти е играчот од средниот ред, Дони ван де Бик, кој има само 21 година и веќе забележа 106 настапи за Ајакс. Тотенхем, Рома и Милан се заинтересирани за младиот играч од академијата на Ајакс и може да се очекува дека некој клуб ќе одвои за него сума од 25-35 милиони евра.

Ако работите одат според планираното, Ајакс може да профитира од оваа генерација на суперталентирани фудбалери со преку 400 милиони евра во клупската каса.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе