Испукан проектил ноќеска завршил во такси возило додека возачот стоел на раскрсница во Скопје.
Таксистот ноќеска околу 3 часот, стоел на раскрсницата од улицата „Кузман Јосифовски Питу“ и булевар „Кочо Рацин“ и слушнал дека се скршило задното ветробранско стакло.
Во тој момент во возилото немало патник. Откако паркирал забележал дека внатре во возилото се наоѓа проектил, непознат калибар, кој е подигнат за вештачење.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.