Професии на модерното време: Работни места што нема да ги добијат компјутерите

Индустријата за сајбер безбедност се развива со неверојатна брзина и паралелно со тоа се соочува со криза на работни места, па потребна е нова работна сила.

Само во Индија ќе бидат потребни уште 2 милиони професионалци во областа на сајбер безбедноста во наредните две години. Проценките покажуваат дека на глобално ниво до 2022 година ќе бидат потребни 3,5 милиони вакви стручњаци.

Добрата вест е дека овие професии се исклучително добро платени.

Другата вест е дека новата технолошка доба сѐ повеќе ги доведува во прашање традиционалните професии и работни места, а оние кои се задолжени за ширење на индустриската револуција постојано се во потрага по таленти.

Но, сѐ почесто не се бараат само IT експерти, туку креативци, луѓе со изразена креативност и уметнички талент.

Поради тоа, важно е да се знае кои особини се најбарани за да се најде добра работа во Четвртата дигитална револуција.

Модерните професии ќе бидат барани, но нема да може да бидат извршувани од компјутери.

Ова се четирите клучни особини што треба да ги поседувате за да одговорите на потребите на новото дигитално време:

Креативност

Сајбер безбедноста забрзано станува една од најважните индустрии за вештачката интелигенција, автоматизацијата и технологијата на машинско учење. За да се спроведат промените кон новиот дигитален поредок ќе треба тоа да биде изведено од луѓе кои се креативци. Добрата вест е дека се менува профилот на работното место, а не луѓето. Луѓето се тие кои со својата креативност ги менуваат работните процеси.

Решавање проблеми

Најтешкиот глобален предизвик на сајбер безбедноста денес се состои во движењето кон сѐ посложено регулаторно и правно опкружување, а паралелно со тоа и промовирањето на оптимални услови за иновација и соработка. Поради тоа, решенијата мора да бидат брзо и ефикасно спроведени.

Менаџирање на човечкиот капацитет

Менаџерите за сајбер безбедност ќе треба да најдат начин како да го извлечат максимумот од своите вработени и со тоа да остварат брза и ефикасна промена. Адаптацијата е највисока форма на интелигенција, а луѓето на овие позиции ќе треба да знаат како креативно да ги адаптираат вработените на новото време.

Критичко размислување

Истрагата на сајбер криминал е многу тешка. Вештачката интелигенција ја прави сѐ потешка и потешка. Способноста на човекот да размислува критички за начините на кои криминалците ги користат новите системи за да нападнат е една од клучните човечки особини што помагаат во спроведувањето на сајбер безбедноста.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вести

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе